Достапни линкови

ЕУ создава стратешки фонд од 100 милијарди евра


ЕУ создава фонд од 100 милијарди евра за инвестиции во стратешки области, во кои заедницата заостанува зад своите глобални конкуренти, го пренесоа аветските новински агенции пишувањето на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, кој, како што наведува, имал увид во релевантни документи на Унијата.

Таканаречениот „Европски фонд за иднината”, според весникот, ќе ги финансисра инвестициите на земјите членки во водечките индустриски групи и компании, кои се способни да им конкурираат на такви корпорации, како на пример Гугл, Епл и Алибаба.

Создавањето на таков фонд треба да претставува одговор на повиците на Франција и Германија „за формирање на такви инструменти за офанзивна индустриска политика”, која ќе го заштити европскиот бизнис од нелојалната конкуренција, објави ФТ.

XS
SM
MD
LG