Достапни линкови

Бугарија може да го воведе еврото најрано во 2023 година


Бугарија може да го воведе еврото најрано во јануари 2023 година, се наведува во извештајот на агенцијата за рејтинг „Фич“. Агенцијата наведува дека Бугарија има позитивен рејтинг на БББ и официјално го започнала процесот на влез во ЕПМ II, познат како „чекална на Еврозоната“, во јули 2018 година. Се очекува одлуката за пристапување кон еврото да се случи на крајот на 2019 година.

Според агенцијата, Бугарија би можела да се приклучи на еврозоната во почетокот на 2023 година доколку успешно ги исполни критериумите на ЕПМ II, а потоа и на пошироките критериуми за конвергенција.

XS
SM
MD
LG