Достапни линкови

Азески: Популистичка е одлуката на Косово за забрана на увоз на мед и компири


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески смета дека Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување забрана за увоз на мед и компири од земјава е популистичка одлука донесена како резултат на инатење и попречување на добрите економски односи без основ.

Тој додава дека забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар.

„Мерката е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на овие производи и е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Република Северна Македонија е членка од 2003 година. Оттука воведување реципрочна мерка од косовската страна за забрана за увоз на одредени производи (компири и мед), во услови кога Македонија упатува на почитување европски правила и прописи, упатува дека станува збор за популистичка одлука донесена како резултат на инатење и попречување на добрите економски односи без основ“, вели Азески.

XS
SM
MD
LG