Достапни линкови

Катица Јанева ќе одлучува дали ќе бидат изземени нејзините обвинители од „Титаник 3“


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска до 14 часот треба да одлучи дали обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, ќе бидат изземени од предметот „Титаник 3“.

Ова следува откако адвокатот на одбраната во случајот “Титаник 3“ побара изземање на обвинителите на СЈО од овој предмет и прекин на постапката, по што претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка рече дека барањето ќе биде доставено согласно законот за иземање на обвинителите. Според појаснувањето на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, за нивно изземање е на длежна нивната претпоставена, односно Катица Јанева.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

XS
SM
MD
LG