Достапни линкови

Гир: Салвини е Малиот Трамп


Ричард Гир

Актерот Ричард Гир, кој работи на прашањето за мигрантите во Медитеранот, го спореди исталијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, со Доналд Трамп, нарекувајќи го „Мал Трамп“, објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“, а пренесоа новинските агенции.

„Вашиот министер за внатрешни работи го има истиот менталитет како претседателот Трамп. Всушност, јас го нарекувам ‘мал Трамп’. Тој го користи истото радикално незнаење, искористувајќи ги стравот и омразата“, изјавил Гир за „Кориере дела сера“.

Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на десницата, Матео Салвини и Гир се судрија со Салвини во врска со бродот на хуманитарната организација „Отворени раце“. Италија забрани бродот, во кој има над 100 мигранти, да се закотви во нејзино пристаниште на што реагираше Гир. Салвини тврдеше дека организацијата лаже за состојбата на мигрантите и дека медицинскиот преглед од италијанските власти покажал оти ситуацијата на бродот не е алармантна.

XS
SM
MD
LG