Достапни линкови

Трамп пак заедно со Пенс во трка за нов мандат


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го задржи потпретседателот Мајк Пенс како свој кандидат кога ќе побара реизбор на изборите во ноември 2020 година, објави „Ројтерс“.

„Јас сум многу задоволен од Мајк Пенс“, изјави Трамп пред новинарите.

Трамп очекува лесно да ја добие номинацијата на републиканците за неговиот втор претседателски мандат. Пенс стана потпретседател на САД во 2016 година, а пред тоа беше републикански гувернер на Индијана.

XS
SM
MD
LG