Достапни линкови

САД изразија загриженост поради движењето на кинеските трупи кон Хонг Конг


Протести во Хонг Конг. 13 август 2019 година.

САД издадоа предупредување за патување во Хонг Конг, поради како што наведуваат нивната загриженост за движењето на кинеските воени сили во близина на границата на градот, кој е погоден од про-демократски протести во изминатите 10 недели.

Еден ден откако претседателот Доналд Трамп зазема неутрален став за немирите, Стејт департментот денеска изрази загриженост за „континуираната ерозија“ на автономијата на Хонг Конг и поддршка за слободно изразување на територијата.

„Соединетите Држави се длабоко загрижени за извештаите за кинеските паравоени движења по должината на границата со Хонг Конг“, вели во соопштението портпаролот на Стејт депеартментот.

„САД силно го повикуваат Пекинг да ги почитува своите обврски од Сино-Британската заедничка декларација и да му овозможи на Хонг Конг да оствари висок степен на автономија.“

Стејд департментот исто така издаде совети за патување во градот, повикувајќи на зголемена претпазливост во Хонг Конг поради граѓанските немири.

XS
SM
MD
LG