Достапни линкови

Судот му го укина притворот на Морина


Врховен суд на Македонија, Основен суд Скопје2

Основниот кривичен суд – Скопје му ја укина мерката притвор за Томор Морина и му определи мерка за претпазливост – привремено одземање на патната исправа и друг документ за преминување на државна граница, соопшти Кривичниот совет при Основниот кривичен суд - Скопје.

Од таму наведуваат дека одлуката е донесена по добивање на одлуката на Врховниот суд на РСМ со која се потврдува решението на првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполенти условите за екстрадиција на Томор Морина во Р.Србија, и постапувајќи по предлог на адвокатот на притвореното лице за укинување на мерката притвор.

XS
SM
MD
LG