Достапни линкови

Хамонд: Парламентот нема да дозволи Брегзит без договор


Филип Хамонд

Доскорешниот британски министер за финансии, Филип Хамонд, изјави дека британскиот Парламент ќе блокира „Брегзит без договор“, доколку, како што рече, неизбрани луѓе кои стојат зад премиерот Борис Џонсон, се обидат на 31 октомври да ја извлечат Британија од ЕУ без договор“.

Обединетото Кралство се движи во правец на уставна криза на внатрешен план и се соочува со ЕУ откако Џонсон вети дека неговата земја ќе ја напушти Унијата во рок од 78 дена без договор, доколку ЕУ не се согласи на повторни преговори за Брегзит, објави Би-Би-Си.

„Луѓето кои стојат зад тоа знаат дека тоа значи дека нема да има договор. Парламентот очигледно се противи на заминување без договор, и премиерот тоа мора да го почитува“, изјави Хамонд за Би-Би-Си.

XS
SM
MD
LG