По вчерашната изјава на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети. Алијансата за Албанците го обвини премиерот Зоран Заев дека иако имал можност, не создал услови „функционерите на ДУИ, вклучени во корупција и организиран криминал, заедно со партиските судии и обвинители, да дадат отчет за нивното минато“.
Од Алијансата за Албанците велат и дека по вчерашната изјава на Беџети се гледа дека и понатаму „функционира коалицијата ДУИ - ВМРО-ДПМНЕ“.
„Не знаеме која е вистината во изјавата на Блерим Беџети во неговите тврдења дека вие сте побарале помош од него, за да влијае во разрешувањето на Јово Вангеловски. Парадоксално е Вие да побарате негова помош и на ДУИ за да го реформирате правосудниот систем, токму од оние кои ја доведоа правдата во мизерна состојба, без трунка доверба и кредибилитет. ДУИ продолжува да ги брани сите функционери на ВМРО и незјините блиски луѓе, што нѐ тера да сфатиме дека оваа коалиција е сè уште жива, исто како што беше некогаш“, велат од Алијансата за Албанците.