Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Новинарите да не се плашат од заканите на Заев


Новинарите кои пишуваа за скандалозните криминали на Заев и картелот околу него не се суетни, туку се гласот на граѓаните и не смее да подлегнат на притисоците и заканите на аболицираниот криминалец, реагираше денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт“.

Според ВМРО-ДПМНЕ. никој веќе не верува дека Заев, човек кој, како што велат, е трипати амнестиран за криминал, не е на чело на криминалниот октопод и порачуваат дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара кога Заев ќе си замине од политиката.

XS
SM
MD
LG