Достапни линкови

Стефанова утре ќе даде исказ за „Рекет“, за Јанева не се знае


Катица Јанева и Лиле Стефанова (десно на фотографијата)

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврдил за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Сепак, тој не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени“, вели Јовески, кој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

Јанева и Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

XS
SM
MD
LG