Достапни линкови

Вангеловски: Аферата „Рекет“ покажува можна злоупотреба на СЈО


Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски

Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски за ТВ21 изјави дека одлуките за укинувањето на куќен притвор за тројцата осомничени во случајот „Империја“ на СЈО0, Орце Камчев, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ биле донесени во согласност со начелно правните мислења и дека не можат повторно да се разгледаат. Според него, тоа што тие постапувале спротивно на начелното правно мислење е проблем на СЈО.

„Начелно правното мислење е дека по истекот на мандатот, СЈО веќе не е овластен тужител, но можеби аферата „Рекет“ докажува зошто тие не го почитувале тоа мислење“, вели тој.

Вангеловски додава дека непочитувањето на правното мислење отвора сомнежи дека отворените случаи по 30 јуни 2017, се започнати со цел да се злоупотреби СЈО.

„Така личи од сегашна перспектива. Но, тоа е само логична претпоставка“, вели Вангеловски за ТВ21.

XS
SM
MD
LG