Достапни линкови

Стефанова во вторник на сослушување во обвинителството за „Рекет“


Основно јавно обвинителство во Скопје.

Обвинителството за организиран криминал и корупција во вторник ја повикало на сослушување обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, објави Сакамдакажам.мк.

Стефанова, чие име се споменува во аудио снимките на италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, вчера изјави дека ништо од тоа не е вистина и дека таа е „спомната намерно за да биде дискредитирана“.

„Ла верита“ и денеска објави нови аудиоснимки за случајот во кои, како што наведува весникот, шефицата на СЈО, Катица Јанева вели дека држи се под контрола во случајот „Империја“ и дека Стефанова без неа не може ништо.

Претходно државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски изјави дека сите инволвирани во случајот ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова.

XS
SM
MD
LG