Достапни линкови

Од денеска измени во графата „државјанство“ во изводите


Илустрација

Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска место со коси цртички (/////) ќе биде пополнета со текст Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, изјавиле за МИА од Управа за водење на матични книги.

По реакциите во јавноста за пополнување на графите во полето државјанство со коси црти (/////), од Управата објаснуваат дека тоа било така, бидејќи морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.

„Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, во графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, изјавиле од Управата за водење на матичните книги.

XS
SM
MD
LG