Достапни линкови

Палестина до ОН: Се уништува сонот на палестинските деца


Палестинскиот министер за социјален развој, Ахмед Маџдалани, го критикуваше извештајот на Генералниот секретар на ОН за државите кои ги кршат детските права и праша зошто Израел не е на тој список, пренесоа светските новински агенции.

„Веројатно генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не слушнал ништо за тоа колку израелската окупациска влада секојдневно ги крши правата на палестинските деца“, истакна Маџдалани.

Тој додаде дека седницата на Советот за безбедност на ОН, на која се расправа за детските права во оружените судири, „ќе остане црна дамка во историјата на Советот за безбедност, бидејќи со своите резолуции го уништува сонот на палестинските деца“.

„Што е потребно за да се стави Израел на списокот на срамот? Дали треба уште повеќе непочитување, убиства и злоставување на палестинските деца?“, праша министерот.

XS
SM
MD
LG