Достапни линкови

Грабар-Китаровиќ најави кандидатура за уште еден претседателски мандат?


Хрватската претседателка Колинда Грабар - Китаровиќ

Денеска сум овде како претседателка на републиката, ќе се гледаме и во следните пет години, рече хрватската претседателка Грабар - Китаровиќ, пред новинарите на одбележувањето на годишнината од акцијата „Бура“.

Според хрватските медиуми, оваа изјава на Грабар-Китаровиќ е индиректна најава на кандидатура за уште еден мандат за шефица на државата.

Претходно и премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека Грабар-Китаровиќ за својата кандидатура ќе ја има поддршката на ХДЗ.

XS
SM
MD
LG