Достапни линкови

Укинувањето на квотите за лекови почнува од Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија


Од утре почнува првата фаза од укинувањето на квотите за лекови. Според најавата на министерот за здравство, Венко Филипче, од утре се укинуваат квотите во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, како прв чекор до целосна либерализација за лекови во цела земја.

Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите. Надлежните велат дека овој период работат на утврдување на контролни механизми со кој ќе спречат злоупотреби при укинување на квотите. Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека.

Филипче не прецизира кој правел криминал со фиктивни рецепти како што неодамна соопшти премиерот Заев, но вели дека во септември ќе излезат со цела анализа на оваа тема.

XS
SM
MD
LG