Достапни линкови

Руската опозиција најави нови протести


На протестот во саботата беа успасени над 1000 демонстранти.

Руската опозиција соопшти дека следниот викенд планира да организира нови собири низ земјата, иако полицијата во саботата уапси над 1000 луѓе кои се собраа на протест, забранет од властите. Властите соопштија дека ќе дозволат протести во Москва следниот викенд на локација која е оддалечена од центарот на градот, но опозицијата тоа претходно не го прифати.

Независната група за мониторинг ОВД соопшти дека полицијата уапсила 1.001 лице, што е повеќе од претходните проценки во кои се споменувале 800 луѓе. Голем број од уапсените подоцна се ослободени, но 19 се задржани во притвор. ОВД наведува дека на уапсените им биле одземени телефоните и не им било дозволено да стапат во контакт со адвокат.

XS
SM
MD
LG