Достапни линкови

Средба Рикер - Димитров: Македонија е на вистинскиот пат


Филип Рикер и Никола Димитров во Скопје

Република Северна Македонија и САД отпочнуваат нова етапа во меѓусебните односи и соработка како сојузници во Алијансата. Северна Македонија се наоѓа на вистинскиот пат, рекол американскиот в.д. помошник државен-секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, на средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола димитров.

Според соопштението на македонското МНР, Рикер ја нагласил неопходноста од продолжување на реформите за зајакнување на севкупниот капацитет на земјата, вклучително и во доменот на правосудството и борбата против корупцијата.

„Рикер ја реафирмираше силната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија - полноправното членство во НАТО и ЕУ, и додаде дека вчерашната поддршка на Комитетот за надворешни работи во Сенатот е уште една потврда за тоа“, се вели во соопштението од МНР.

XS
SM
MD
LG