Достапни линкови

Времето за политички игри помина


вд помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер на денешната прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

Владеењето на правото да се применува, а опозицијата да биде конструктивна, рече Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Премиерот Зоран Заев, пак, рече дека се подвотвени за последниот заеднички исчекор со опозицијата- носењето на Законот за ЈО.

Пораки за транспаретна истрага, очекувања за почеток на преговори за зачленување во ЕУ наесен и инсистирање за вклученост на опозицијата во носењето на новиот закон за јавно обвинителство. Накратко овие пораки ги испрати Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, на денешната прес конференција со премиерот Зоран Заев.

За македонската иднина е важно владеењето на правото „бидејќи јавноста очекува истрагите да продолжат, да се покаже дека владеењето на правото се применува и дека никој не е над законите“, рече американскиот дипломат. Во контекст на предложениот Закон за Јавно обвинителство тој оцени дека е добра основа и упати порака до опозицијата.

Oпозицијата мора да биде конструктивна
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

„Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, но таа опозиција мора да биде конструктивна, а времето за политички игри и истакнување, и големи гестови како и играње со перспективите и идеите на граѓаните веќе е поминато”, рече Рикер.

Дипломатот кој во својата агенда за средби покрај државно- владиниот врв, ги има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидери на други партии, осумтемина од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, неколупати рече дека очекува конструктивен пристап од опозицијата за законот со кој се решава идниот статус на СЈО.

„САД сака да може да работи со сите политички партии во Северна Македонија, но за да го направиме тоа, како што кажа претседателот Трамп и секретарот Помпео, мора да видиме разумни напори, а законот за СЈО мора да се придвижи, а неговото усвојување сега ќе значи дека тоа нема да биде прашање и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен”, рече Рикер.

Премиерот, пак, рече дека се отворении за последниот заеднички исчекор со опозицијата за усвојувањето на закон за јавно обвинителство.

„Сите навестувања се дека во октомври ќе стигне долгоочекуваната препорака за старт на преговорите. Никој не сака изневерени очекувања, никој не сака да се отвори шанса за недобронамерни влијанија на трети страни во земјава, но и во регионот“, рече Заев.

Очекувањата за почеток на преговорите со ЕУ наесен неколкупати ги спомена и македонскиот премиер и неговиот странски гостин. Американскиот дипломат рече и дека кога патува по Европа и се среќава со своите колеги ги поттикнува земјите-членки на Европската унија да ги отворат пристапните преговори со Северна Македонија оваа есен.

Рикер се смета за познавач на состојбите во земјава. Беше амбасадор од 2008 до 2011 година, а и претходно во деведесетите години вршеше високи позиции во Амбасадата на САД во Скопје. Тој последен пат го посети Скопје во март во својство на цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД, по што назначен на оваа позиција.

Во земјава престојува два дена. Покрај средбите со политичките и државни претставници во Скопје, вчера тој заедно со новата американската амбасадорка Кејт Мари Брнс ги посети Битола и Кавадарци и се сретна со градоначалниците Наташа Петровска и Митко Јанчев.

Во Скопје, пак, допатува од Атина. Таму власта веќе ја презеде Нова Демократија, која како опозиција беше доста критична кон Договорот од Преспа.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG