Достапни линкови

Рикер и Брнс во посета на Битола и Кавадарци


Кавадарци- Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер заедно со американската амбасадорка во Кејт Бернс денеска ја посетија Општина Кавадарци

Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и американската амбасадорка Кејт Мари Брнс денеска беа во посета на Кавадарци. Тие се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

“Чест огромна е да се биде домаќин на високи политички претставници, тоа е од големо значење за општина Кавадарци”, рекоа од кабинетот на градоначалникот.

Ова беше прва средба на Јанчев со новата амбасадорка.

Претходно денеска помошник државен секретар Рикер и амбасадорка Брнс беа во Битола, каде што се сретнаа со градоначалничката Наташа Петровска.

“Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава”, истакна Рикер на средбата со Петровска.

Toj во дводневна посета на земјава допатува од Грција. Утре има средби со државниот и политичкиот врв во Скопје.

XS
SM
MD
LG