Достапни линкови

Турција и Чешка го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО


Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република вчера го ратификуваа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак. „Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин Бак на Твитер. Протоколот за членство во НАТО вчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент. „Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот. Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО. Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите земји созјузници со што Северна Македонија и официјално ќе стаен 30-та членка на Северноатланстката алијанса.

XS
SM
MD
LG