Достапни линкови

САД воведоа санкции за воената контраразузнавачка агенција на Венецуела


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга.

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против воената контраразузнавачка агенција на Венецуела, откако во тамошен затвор почина капетан на морнарица по една недела во притвор.

Американското Министерството за финансии денеска на својата интернет страница ги објави санкциите, со што ги замрзнаа сите средства на венецуелската агенција кои се наоѓаат на американско тло.

„Политички мотивираното апсење и трагичната смрт на капетанот Рафаел Акоста е неоправдано и неприфатливо“, рече американскиот секретар за финасии Стивен Мнучин во изјавата.

Тој вели дека Министерство за финансии е посветено на ставање крај на начинот на кој се однесува режимот на Мадуро кон политичките противници, невините цивили и припадниците на војската во обид да се потисне несогласувањето.

Капетанот беше уапсен во јуни по обвинение за заговор за атентат врз Мадуро. Тој покажал знаци на тортура пред да умре.

Администрацијата на САД го повика претседателот на Венецуела Николас Мадуро да замине.

Мадуро е во повеќемесечна борба со лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, кој во јануари се прогласи за вршител на должноста претседател на држават. Повеќе од 50 земји предводени од САД го поддржаа Гваидо.

XS
SM
MD
LG