Достапни линкови

Меркел по серијата тресења, седната ги слушаше химните


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека знае дека мора да се грижи за своето здравје. Тоа го искоментира откако за време на интонирањето на националните химни за време на приемот на данската премиерка Мете Фредериксен во Берлин, двете останаа да седат. Во изминатиот период во три наврати, таа видно се тресеше за време на официјални настани.

Вчера Меркел се затресе додека стоеше покрај финскиот премиер на официјалниот пречек. Првпат е видена дека и се тресат рацете додека го пречекуваше новиот украински претседател, Володимир Зеленски, на 18 јуни, а потоа на 27 јуни на церемонијата со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер.

Меркел вели дека првиот пат кога се затресла можеби било предизвикано од дехидрација, затоа што било топло.

Здравјето на јавните личности генерално се смета за приватна работа во Германија.

На денешната прес-конференцијата Меркел рече дека е свесна за својата функција и за своето здравје и рече дека одговорно се однесува.

„Прво, мора да се разбере дека сум свесна за одговорноста на мојата работа. Јас се однесувам одговорно кога е во прашање моето здравје. И јас лично сум заинтересирана да бидам здрава и се грижам за своето здравје“, рече Меркел.

Меркел следната недела треба да наполни 65 години, а е на чело на 14 години.

XS
SM
MD
LG