Достапни линкови

Тачи: Заев го разјасни разговорот, односите остануваат позитивни


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека македонскиот премиер Зоран Заев му телефонирал синоќа, со цел да ги разјасни изјавите што им ги дал на руските комичари, кои се претставиле како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Тачи истакна дека Заев му рекол оти бил жртва на измама, а изјавата што ја дал во врска со наводниот договор меѓу косовскиот и српскиот претседател за доделување на Србија на 10 косовски општини, била „заснована на гласини, дезинформации и податоци лансирани од Спутник и други руски гласини“.

Тој порача и дека „односите меѓу Косово и Северна Македонија биле, се и ќе останат коректни, позитивни и конструктивни, во духот на добрососедството“ на сите институционални нивоа и дека Приштина ќе продолжи да ја поддржува евроатлантската перспектива на својот сосед.

XS
SM
MD
LG