Достапни линкови

„Инстаграм“ воведува мерки против навредливите коментари


Социјалната мрежа „Инстаграм“ објави нови мерки со цел да се справи со малтретирањето на својата платформа. Од оваа недела, ако корисникот напише коментар кој е идентификуван од страна на вештачката интелигенција (АИ) како навредлив, истиот ќе добие шанса да ја поништи својата објава.

Откако корисникот ќе избере да о­бјави потенцијално навредлива содржина, пред објавувањето ќе му се појави прашањето: „Дали сте сигурни дека сакате да го објавите ова?“ Истовремено се појавува и сина временска линија, која на корникот му дава неколку секунди да го откаже коментарот ако сака да го стори тоа. Ако корисникот одлучи да не го објавува коментарот, истиот ќе биде избришан, а потенцијалниот примач нема да добие известување за тоа.

Осврнувајќи се на резултатите од тестирањето на својата најнова функција, технолошкиот гигант тврди дека охрабрил дел од корисниците да се премислат во врска со испраќањето навредливи коментари.

XS
SM
MD
LG