Достапни линкови

Американската амбасадорка Брнс пристигна во земјава


Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнс

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнс, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.

„Амбасадорката Брнс оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата.

Брнс на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот сопруг Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД.

Амбасадорката Брнс е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

XS
SM
MD
LG