Достапни линкови

Трамп не може да ги блокира своите критичари на Твитер


Доналд Трамп

Апелациониот суд на САД донесе пресуда според која американскиот претседател Доналд Трамп, не може да ги блокира своите критичари на Твитер. Трамп, е редовен корисник на оваа социјална мрежа и повеќето од најавите и информациите ги објавува со твитови.

Судскиот Совет се согласи со судијата од понизок степен дека ако ги блокира луѓето кои го следат и кои се критични кон него, Трамп всушност го крши Првиот амандман. Одлуката беше донесена во име на седум лица кои поднесоа тужба бидејќи Трамп, по критиките, ги блокираше.

Апелациониот суд соопшти дека Првиот амандман не дозволува државниот службеник кој ги користи социјалните медиуми за„официјални цели" да ги исклучи лицата од отворен дијалог на интернет само затоа штоне се согласуваат со тој државен службеник.

Трамп има над 60 милиони следбеници на Твитер.

XS
SM
MD
LG