Достапни линкови

ЕУ го повика Иран да го врати нивото на збогатување на ураниум


Европската Унија го повика Иран да го врати нивото на збогатувањето на ураниум, како што е наложено во договорот за контрола на нуклеарно оружје од 2015 година.

„Ние продолжуваме да го повикуваме Иран да не презема понатамошни мерки со кои ќе го поткопа нуклеарниот договор за да се запре и да се сменат сите активности што не се во согласност со Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA), вклучувајќи го и производството на ниско збогатен ураниум”, изјави портпаролката на ЕУ.

Иран соопшти дека ќе го зголеми збогатувањето на ураниумот за неколку часа над нивото поставено со нуклеарниот договор, потег што би можел да значи враќање на сите економски санкции врз Техеран.

XS
SM
MD
LG