Достапни линкови

Арта Точи од Алијансата на Албанците на пратеничкото место на Мемеди


Весел Мемеди

Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на денешната седница. Точи беше на листата на тогашната коалиција на Алијанса за Албанците во шестата изборна единица, која ја сочинуваа НДП-Движењето за реформи на Зијадин Села и Унитети на Гзим Острени.

Таа е поранешна заменик-министерка за надворешни работи во периодот по формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев до крајот на декември 2017 година. Од ова место замина откако нејзината матична партија излезе од владејачката коалиција.

XS
SM
MD
LG