Достапни линкови

Во Стоби откриена скулптура на богот Дионис со пантер


Скулптурата на богот Дионис со пантер

На археолошкиот локалитет Стоби минатата седница била откриена мермерна скулптура со претстава на богот Дионис. Од локалитетот соопштуваат дека се работи за исклучителното откритие кое е резултат на археолошките истражувања во рамките на летната интернационална школа за теренска археологија.

„Скулптурата која најверојатно била изработена во 2-3 век од н.е. е сочувана во височина од околу 50 см. Откриена во секундарен контекст, односно во остатоците од срушен ѕид од куќа од 6-иот век, каде била употребена како градежен материјал. Токму поради тоа недостасуваат главата, десната рака и постаментот со стапалата“, се наведува во соопштението.

Со оглед на тоа што во 6-иот век, христијанството е доминантната религија, како што се посочува, чест е случајот на уништување и употреба на скулптурите на паганските божества од претходните векови како градежен материјал.

XS
SM
MD
LG