Достапни линкови

Адеми не е заинтересиран за козметичка, туку суштинска реформа на образованието


Министерот за образование и наука Арбер Адеми

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека не е заинтересиран за козметичка туку за суштинска реформа во образованието базирана на кредибилни анализи од кредибилни институции. Тој порача дека за тоа е спроведена анализата на целокупниот образовен систем од страна на ОЕЦД по прв пат во земјата.

Според него, разгледани се сите препораки и веќе има два нацрт закони каде се инкорпорирани сите препораки од Извештајот на ОЕЦД и УНИЦЕФ, но и во линија со тоа што е предвидено со Стратегијата за образование од 2018 – 2025 година. Адеми истакна и дека не ретко во образованието се креирани политики базирани на перцепции.

„Не сум заинтересиран за козметичка реформа, туку за суштинска реформа, и денешната трибина е во таа насока со наши долгогодишни партнери кои се дел од реформските процеси во РСМ да ги спроведеме и идните реформи, но реформи базирани на податоци, а не на перцепции. И ова се случува по прв пат оваа година. Од сите наши меѓународни партнери добиваме и писмено поддршка за тоа што го правиме со овие нацрт-закони. За што сме заинтересирани, за козметичка реформа? Од мене не го очекувајте тоа“, изјави Адеми по јавната дебата за воспоставување Регионални центри за Средно стручно образование и обука.

XS
SM
MD
LG