Достапни линкови

Полицијата притиска кон окупираниот законодавен дом во Хонгконг


Протести во Хонгконг.

Голем број полицајци притискаат кон главната владина зграда во Хонгконг, откако илјадници демонстранти упаднаа во законодавниот дом на годишнината на враќањето на поранешната британска колонија на Кина во 1997 година, јавуваат светските новински агенции.

Откако падна ноќ, полицијата фрлаше солзавец и се движеше кон демонстрантите кои беа надвор од комплексот. Претходно на телевизиски снимки беа прикажани демонстранти, многумина од нив носеа шлемови и гас маски, како на 1 јули влегуваат во Законодавниот совет уништувајќи слики и прскајќи графити на ѕидовите.

Демонстрантите наводно не дошле во допир со коморите на законодавниот дом, откако ги пробиле армираните врати и бариери и пристапиле кон објектот.

Акцијата се сметаше како директен предизвик за Кина поради тековните демонстрации против законот кој ќе овозможи осомничени од Хонгконг да бидат екстрадирани во Кина.

Владата го суспендираше предложениот закон на неодредено време, но продолжуваат големите протести кои избија пред три недели поради Нацрт-законот за екстрадиција.

XS
SM
MD
LG