Достапни линкови

СЈО бара осуда за Латас и одземање на бесправно изградените куќи


Драган Павловиќ Латас пред Кривичниот суд. Архивска фотографија.

СЈО на денешното рочиште за случајот „Тревник“ во завршните зборови побара судот да ги прогласи за виновни новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа за бесправно градење на куќи во Зелениково. Од СЈО побараа и судот да им ги одземе куќите.

„Прашањето за кое расправаме во овој предмет е кога обвинетите започнале со реализација на нивната желба за изградба на куќите во Зелениково. Од доказите на обвинението произлегува дека тоа се случило пред да бидат обезбедени законските претпоставки за почеток со градба, односно далеку пред да имаат добиено одобренија за градење на објектите“ соопштија од СЈО.

Според СЈО, обвинетите кривичните дела ги извршиле со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат куќите во Зелениково без одобренија за градење, биле свесни за забранетоста на таквите дејствија и биле свесни дека куќите можат да им бидат урнати затоа што ги граделе бесправно, но продолжиле со градење на истите.

XS
SM
MD
LG