Достапни линкови

Имамоглу стана градоначалник на Истанбул


Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу денеска стапи на должност градоначалник на Истанбул, откако во неделата победи на повторените локални избори. Тој денеска од Републиканската народна партија, доби сертификат со кој официјално ја презема највисоката функција во најголемиот град во Турција, со мандат од пет години.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата партија Правда и развој, по 25 години владеење, ја изгубија власта во Истанбул. На локалните избори во март, Ердоган изгуби и во Измир и Анкара.

XS
SM
MD
LG