Достапни линкови

ОЈО ќе го истражува случајот со Дудуш по пријава од МВР


Основното јавно обвинителство денеска по известувањето од МВР-СВР Скопје, за објавениот натпис во порталот „Лидер“ со наслов „АУДИО БОМБА: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“, во кој се тврди дека градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш малтретира сограѓанин, покрена предистражна постапка.

„Надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал. Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека истовремено до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.

Доколку се обезбедат потребните докази СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела, велат од обвинителството.

XS
SM
MD
LG