Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија на шест месеци


Знамето на ЕУ

Амбасадорите на ЕУ и официјално ги продолжија на шест месеци економските санкции врз Русија поради нејзината улога во Украина. Минатата недела лидерите на ЕУ едногласно дадоа зелено светло за мерките, цитирајќи го недостатокот на напредок во спроведувањето на мировниот договор од Минск.

Санкциите во голема мера се однесуваат на енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија и за прв пат беа воведени во април 2014 година по руската анексија на Крим. Санкциите се продолжуваат на секои шест месеци. Примирјето како дел од договорот од Минск во септември, 2014 и февруари 2015 година не доведе до ставање крај на конфликтот во источна Украина. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека санкциите се неконструктивни и незаконски.

XS
SM
MD
LG