Достапни линкови

Нова „бомба“ за градоначалникот Дудуш, опозицијата бара оставка


Опозицијата бара од градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш да поднесе оставка, откако во медиумите осамна аудио снимка на која како што тврди медиумот што ја објави се слуша како во општината му се врши физички и вербален напад на сограѓанин на Дудуш.ВМРО- ДПМНЕ бара Дудуш веднаш да си поднесе неотповиклива оставка, а надлежните органи, полицијата и обвинителството веднаш да го истражат и процесуираат овој случај на насилство.

Од СДСМ се огласија со соопштение и побараа институциите да преземат мерки, при тоа наведоа дека осудуваат какво било насилство и дека одговорност мора да има.

Откако Дудуш во изјава за дел од медиумите се закани дека ќе поднесе пријава против објавувачот на како што вели „монтираната снимка“ на порталот Лидер беше објавена интегрална снимка од 18 минути од истиот настан. Информативниот портал Лидер тврди дека снимката им ја доставил „свиркач“ и дека Дудуш му се заканувал на новинарот што ја објавил снимката.

XS
SM
MD
LG