Достапни линкови

Демонстранти во Грузија бараат предвремени избори


Антируските демонстранти во Грузија повторно најавија дека ќе излезат на улица со барање на оставки од високи функционери и одржување на предвремени избори. Оваа ќе биде трет ден како се одржуваат масовни протести во Тбилиси, откако претходните два поминаа со насилни судири со полицијата и приведени стотици демонстранти. Неколку стотици млади луѓе ја блокираа зградата на Парламентот на 21 јуни кога претседателот на Собранието Иракли Кобакхиџе си поднесе оставка исполнувајќи едно од нивните барања. Тие на денешниот протест најавија дека ќе бараат оставка да си поднесе министерот за внатрешни работи и да ги ослободи приведените демонстранти како и да бидат казнети полициските службеници кои прекумерно употребиле сила.

XS
SM
MD
LG