Достапни линкови

САД: Србија и Косово да ги избегнат провокациите и да се вратат на преговорите


Американските власти го поддржуваат дијалогот во кој посредува Европската Унија, за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, е пораката на Стејт департментот, откако беше откажан состанокот на лидерите на Србија и на Косово кој беше закажан за први јули во Париз.
Стејт департментот смета дека Белград и Приштина треба да ги отстранат пречките, да се избегнат провокации и да се вратат на преговорите.

,,Ние сме подготвени да слушаме и да им помогнеме на двете страни и на ЕУ како посредник да се најде прифатливо решение за сите”, се вели во соопштението.

Средбата во Париз, на која требаше да се состанат највисоките претставници на Србија и на Косово, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел е одложена на неопределено време.

XS
SM
MD
LG