Достапни линкови

„Бомба“ за градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш


Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш

Во јавноста вчера беше пласирана аудио снимка за која, медиумот што ја објави тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа. Снимката ја објави порталот Лидер со тврдење дека им ја пратил „свиркач“.

Градоначалникот Дудуш најави пријава поради објавената аудио-снимка за интернет порталот „Лидер“. Тој во изјава за дел од медиумите демнатирал дека такво нешто се случило, и вели дека станува збор за монтирана снимка што ќе се користи во политичката хајка против него. Тој додава дека ова се случува во ист ден кога во општината било отворено полициско одделение за прв пат после 30 години.

XS
SM
MD
LG