Достапни линкови

Заев: Ја ставивме економијата на забрзана трака на раст


Премиерот Зоран Заев во своето поздравно обраќање пред учесниците на состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светска банка, чиј домаќин е Скопје, изрази задоволство што состанок од овој формат се одржува во земјава по пауза од 15 години. Тој истакна дека не беше лесно да се зачекори по овој пат, нагласувајќи дека земјата работеше на решавање на крупните политички прашања што денеска ни овозможија да имаме сигурно членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ до крајот на годината и паралелно со тој процес се работело и на стабилизација на економијата преку спроведување издржани економски и фискални политики.

“Успеавме да ја ставиме економијата на една забрзана трака на раст кој во својата суштина и структура денеска претставува праведен реален економски раст на БДП. Од минус 1,8 отсто во 2017, растот на БДП во првиот квартал од 2019 изнесува 4,1 процент. Ова е одлична база за уште повисоки стапки на БДП кои ги очекуваме во наредните квартали’“ вели Заев.

Потпретседателот на Групацијата на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер изјави дека сите земји-членки на Конституенцата ќе имаат повисок економски раст од регионалниот просек.

„Најголем напредок во реформите имаат постигнато Северна Македонија и Босна и Херцеговина“, рече Милер во својата презентација на состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светска банка.

На состанокот на Холандско-белгиската конституенца во Скопје главна тема е како до поправеден систем за сите.

XS
SM
MD
LG