Достапни линкови

Бараките на Факултетот за драмски уметности се распаѓаат


Факултет за драмски уметности
Факултет за драмски уметности

Немањето елементарни услови во бараките на Факултетот за драмски уметности кои пропаѓаат поради дотраеност и неинвестирање се показател за целиот образовен систем. Упатените велат дека и натаму не се инвестира за потребите и квалитетот на факултетите.

„Тоалетот е надвор од употреба, реконструкцијата е голема, но не може да се изведе затоа што треба да се копа во целата барака. Ова не е последица на пасивен однос, туку на тоа што МОН не дава средства за реновирање, а факултетот нема свои“.

Со овие зборови професорката Маја Стевановиќ од Факултетот за драмски уметности и претседател на Независниот академски синдикат предочува за апсурдот со кој се соочува ФДУ.

Просториите каде што се создаваат филмските и театарските уметници во земјава се распаѓаат од дотраеност на бараките кои не се реновирани, а се стари половина век. Преселувањето во новиот објект кој започна да се гради пред неколку години засега е невозможно од заплеткани причини. Професорката Стевановиќ вели дека во бараките нема услови за работа што е видливо и од ѕидовите, а тука 100-тина студенти и 50 професори секоја година го поминуваат својот живот на факултетот, а од таму на сцената го пресоздаваат животот во уметност.

„Дури и кога МОН би дал средства, сериозно би се поставило прашањето дали овие стари бараки треба да се реновираат со оглед дека со години се гради нов објект наменет за потребите на Драмскиот факултет кој се наога во центарот на градот и кој две години е во статус кво ситуација. Зградата е изградена, училниците постојат, но нема основни елементи да биде поставена сцената и студијата кои се основа на нашата работа. Службата задолжена за проект вели дека нема да прземе ништо надвор од тендерот. Објектот е една година затворен и реално ќе почне и да пропаѓа, а професорите и студентите се во кавкијанскиот круг од кој не гледаат излез во скоро време, што зборова за капацитетот на оваа влада да ги решава затекнатите проблеми“, вели професорката Стевановиќ која е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

И од Младинскиот образовен форум велат дека оваа влада како и сите претходни не одвојува доволни пари за образованието ниту за суштински ниту за елементарни потреби кои им се неопходни на факултетите.

„Оваа влада не вложува речиси воопшто. Се уште има студенти кои студираат во потпросечни услови. На пример бараки кои се стари десетици години што резултира со несодветно опремени простории каде има потешкотии за одвивање на наставата, на пример Драмски, потоа и Факултетот за информатика, инжинерство и наука.Тоа е факултет кој и нема своја сопствена зграда па студентите од тој факултет се принудени постојано да шетаат од една во друга зграда во кампусот и тоа влијае и врз квалитетот на наставата“, изјави Петар Барлковски од МОФ.

Тој дополнува дека иста слика може да се забележи и во кампусот на факултетите од општествените науки.

„За време на дожд на Философски, Економски и Правен факултет се поставени канти зашто тече вода од покривите. Состојбата со тоалетите е исто така во многу ужасна состојба. Има постојано и реакции од студентите кои се жалат на условите. Недозволиво е за која било држава во светот да не обезбеди просечни услови за студирање. Никој не бара посебни услови, единствено услови за да може да се следи и да се воспостави образовниот процес“, коментра Бралаковски од МОФ.

Од друга страна, професорите наведуваат дека не се задоволни ниту од платите кои долго време ги држат просветителите на најниско ниво во регионот, а кај младите студенти се повеќе продолжува да се зголемува интересот и намерата за заминување надвор од државата, барајќи вистински услови за квалитетно образование и напредок. Професорите исто така укажуваат дека стипендиите за школување во странство се под нејасни критериуми и дека за тоа се решава стихијно без долгоречен план и национална стратегија за кадри кои се реално потребни во земјава.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG