Достапни линкови

Болтон во Израел на разговори со руски претставници


Џон Болтон,советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп во текот на викендот ќе престојува во Израел на разговори со израелски и руски претставници за регионалната безбедност. Тој ќе има состанок со неговите колеги од Израел и Русија Меир Бен Шабат и Николај Патрушев. До ова доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу САД и Иран, особено откако иранските сили собориле американски дрон под неразјаснети околности. Техеран соопшти дека дронот бил на негова територија, додека Вашингтон тоа го демантира.

XS
SM
MD
LG