Достапни линкови

Клинтон: Косово заслужува да е во ЕУ и НАТО


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и косовскиот претседател Хашим Тачи

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во Приштина изјави дека Косово е пример за демократија и оти заслужува членство во ЕУ и НАТО. „Мислам дека цел свет може да го земе Косово како пример како растеше и како живее во мир со соседите. Секогаш ќе бидам горд што бев претседател на САД кога ви беше потребен некој кој ќе стане и ќе каже: нема веќе етничко чистење, нема веќе напуштање на татковината и убивање невини цивили, мора да постои подобар начин“, рече Клинтон кој е на Косово по повод 20 годишнината од влегувањето на меѓународните сили. Косовскиот претседател Хашим Тачи го одликува Клинтон со „Орден на слободата“ и изјави дека тој е симбол на доверба, оптимизам и надеж за граѓаните на Косово.

XS
SM
MD
LG