Достапни линкови

Коментари за поддршка и повици за бојкот на изборите


По информациите за митинзите на Пендаровски и Сиљановска - Давкова преовладуваат коментарите со повик за бојкот на изборите. По интервјуто со Река има коментари со поддршка.

По минатонеделното неделно интервју со Стево Пендаровски, РСЕ на македонски изминатиов викенд објави интервјуа и со другите двајца кандидати за претстојните претседателски избори, со Гордана Сиљановска - Давкова и Блерим Река. Шанса секој од посетителите на нашата ФБ страница да си го каже своето мислење, оние што се за или против нив.

Во постовите и коментарите и по информациите за митинзите на Пендаровски и Сиљановска - Давкова во Скопје надвладуваат повиците за бојкот на изборите, со интересни тези зошто треба да не се излезело на избори на 21 април. Менде Сапазов, на пример смета дека Гордана Сиљановска - Давкова работела наводно „повеќе од 20 години за ЦИА и за Сорос, член е на СДС, а не на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е проект на ЦИА за да измами гласови на избориве за Северна. Сево ова го одработуваат Хидро – Мицко и Гога Сорос - ЦИА“. И Давор Каро има слично мислење и ги нарекува Мицкоски и Сиљановска - Давкова со навредливо име и дека само ги интересирало „да се приграбат до власта и да го пљачкаат македонскиот народ, сè друго е театар. Таа е обучувана од соросовите масони, а Мицкоски во Брисел од ЕПП, Христијанско демократска либерална конзервативна партија. Затоа не бидете нивни гласачки потрошувачки материјал“, порачува Давор Каро.

Бехије Менде и Виктор Богданоски извикуваат „Браво за Пендаровски“ и „Напред Стево, не застанувај!“ Васка Лазарова му порачува: „Во погрешна држава правиш митинзи, оди во северна“, а Бранка Новоселска во неколку постови повикува на бојкот. Суки Меси ја прашува кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ: „Дали ги праша тие што те кандидираа зошто толку често го посетуваат Груевски. Исти сте“ – вели. Објаснувањето на нејзиниот слоган „Правда“, Азем Асановски го коментира со следниов пост: „Правда, кога за последниве 11 години со ВМРО, кој монтираше судења и испокраде милијарди евра, дали мислиш нив да ги казниш?“

Во интервјуто за РСЕ, претседателскиот кандидат Блерим Река порачува да не гласаат за него затоа што е Албанец, „не ми е потребна позитивна дискриминација“, вели, а Коле Спасов коментирал: „Оти гласаме за нашите, па ни избегаа сите деца, само човек да е, па кој и да е, да има живот, национализмот никаде не води“. Ангеле Јаневски напишал: „Кога Албанците може да гласаат за Македонците, зошто и ние еднаш не гласаме за Албанец, може ќе е 100 проценти подобро од сега“. Впечатлив е постот на Насер Шеривоф: „Еј, македонски народе, Америка е светска сила, ама црнец беше претседател, Барак Обама!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG