Достапни линкови

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималните дневни температури во Скопје ќе бидат 19 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола 17, Кавадарци 20, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 21.

И утре ќе преовладува претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

Дневните температури ќе бидат во пораст - Скопје 23, Маврово 15, Охрид 18, Битола 21, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 18, Дојран 25 степени.

XS
SM
MD
LG