Достапни линкови

Владеење на правото - да нема привилегирани


Истрагата за фалс дипломи по англиски за обвинителите тапка во место
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:45 0:00

Истрагата за фалс дипломи за обвинители тапка во место

Ние имаме закони, ние имаме одредби, коишто би требало да бидат применети, прашањето практично е на самата примена, дали тоа се остварува во Македонија или не. Тоа е она што може да не прави различни во однос на еден претходен период и во кој правец треба да се придвижуваме, вели Наташа Габер – Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители во неделното интервју на РСЕ.

Владеењето на правото сè уште е најболната точка во општеството, како го оценувате досегашниот обид за реформирање на правниот систем?

Владеење на право е хармонизација на сите акти во едно општество почнувајќи од Уставот, па законите, па сè до подзаконските акти. Друг аспект кој би можеле исто да го објасниме како владеење на право претставува, претпоставувам алудирате на тоа, е еднаквата примена на правните одредби спрема сите граѓани на државата, значи да не постои различна примена или привилигирана категорија на граѓани за кои одредбите можат повремено да важат, да не важат целосно или да не бидат воопшто применети наспроти категоријата на други категории граѓани, да речам обични граѓани, за кои се применуваат доследно сите законски одредби дури и построго од она што реално би можело да се примени во одредени ситуации. Трета димензија на владеење на правото е овозможување на контрола и почитување на сите правни принципи и врз лицата кои еманираат одредена моќ во општеството. Обично се тоа високи економски кругови или богати бизнисмени или пак политичари од највисок ранг, за коишто исто така практикувањето на нивната моќ треба секогаш да се сведува во одредени правни рамки и тоа така да се применува.

Можеби малку општо ви одговорив, но мислам дека тоа треба да се прави внимателно и да се контролира од одредени механизми коишто веќе се поставени од општеството или еве деновите гледаме дека се структурира лицата коишто треба да бидат членови на антикорупциската комисија итн. Сите оние тела кои што се надлежни во Македонија да го извршуваат тоа, треба да го извршуваат доследно и да го се потегнуваат санкции и одговорност за оние коишто не ги почитуваат овие правни принципи. Ние имаме закони, ние имаме одредби, коишто би требало да бидат применети, прашањето практично е на самата примена, дали тоа се остварува во Македонија или не. Тоа е она што може да не прави различни во однос на еден претходен период и во кој правец треба да се придвижуваме.

По вашето долгогодишно искуство во Уставниот суд, откако не сте дел од него по оваа временска дистанца како ја оценувате неговата работа?

Ако се земе предвид нашето уставно устројство и кое е позиционирањето на уставниот суд во него можеме да заклучиме дека Уставниот суд, ако сака, може да биде мошне важно тело, кое е во состојба со своите толкувања и одлуки да даде правец во одредена примена на законите и подзаконските акти, дали тоа се случуваше во минатото додека јас бев уставен судија, мислам дека имаше голем број на проблематични одлуки коишто не помагаа многу во таа смисла. Верувам дека секој уставен суд, значи секој состав на уставните судии, тоа е поединечна и колективна одговорност дека секој уставен суд со толкувањето и поцизионирањето за секој еден предмет којшто го работи мора да си го стекне угледот и да го гради низ годините. Во минатото уставниот суд не се покажа достоен за задачата, а сега мислам дека се обидува да се позиционира, но можеби тешко оди со оглед на стекнатиот имиџ во минатото. Но ете верувам дека треба да се потруди повеќе да се избори за својата цврста позиција и за да го изгради својот углед во иднина.

Аферата со фалсификуваните дипломи за познавање на странски јазик на кандидати во Академијата пред повеќе од едно година нема целосна правна разрешница, на што се должи тоа?

Морам да кажам дека во Академијата е доста вложувано и е дадено големо внимание во минатото, сите вие години додека работела, така што таа е веќе вмрежена, активна ги остварува своите функции. Тоа го констатираше и отсекската мисија на ЕУ во нивниот извештај кој е направен минатата година, со тоа што забелешките се дека би можело секогаш има простор за подобрување, потребите се од просторен тип, за да може капацитетите просторни на Академијата да примаат поголем број на слушатели за да побрзо можеме да си остваруваме овие едукативни активности и да ги имаме идните обвинители и судии веќе набрзо.

Мислам дека се однесува на остварувањето на проблемот со меѓународната правна помош, бидејќи за сите овие случаи коишто беа евидентирани дека постои проблем на поништениот конкурс за академијата, еве можам и со бројки да ви кажам самата Академија се обратила до јавното обвинителство и тоа одговори на 29 мај 2017 и на 14 септември 2017 во коишто тврдат дека самата постапка е во предистражна фаза, бидејќи тие бараат преку меѓународна правна помош побарале информации од Велика Британија и Албанија за издавањето на тие дипломи. Од тој момент помина 2018, еве почеток на 2019 немаме друга информација што се случувало со тоа, така што и јас не можам да ви кажам дали се произнеле Албанија и Велика Британија по однос на дадените дипломи.

Значи, тапка во место?

Морам исто да кажам дека и во сегашните измени на законот, значи веќе се во сила, а и во предлогот на идниот законски текст, тестирањето за јазикот, еден од трите јазици коишто се зборуваат во ЕУ, значи кандидатот би бирал дали е тоа англиски, француски или германски ќе се одвива во рамките на испитниот процес во академијата, значи нема веќе сертификат, туку ќе се полага тука јазикот за да видиме како го владее.

Што мислите која е причината што доведе до ваква ситуација во Обвинителството во Македонија да нема доволно капацитет, односно да нема доволно обвинители коишто би се бореле против криминалот. Тоа е долгогодишен проблем.

Не знам колку е мотивирачки за луѓето да сакаат да се вработат во Обвинителството, не знам дали Обвинителството дало доволно можности и конкурси луѓето да се вработат. Актуелно мислам дека е проблем и со недостаток на стручни соработници. Еве ако речам и за обвинителите дека треба да изгубат време па да минат низ едукативниот процес на Академијата, стручните соработници може да се примаат на конкурс, не зависат од Академијата, така што и тоа би можело да се направи во блиска иднина.

Сигурно дека и ресурсите, онака како што на пример Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток ги имаше не се такви и на другото обвинителство. Можеби тука би требало да се зајакнат капацитетите, државата малку повеќе да вложи во другите обвинителски структури за да им помогне во функционирањето и вршењето на нивната работа и тоа е прашање на политика, којашто мислам дека подинамично може да се направи, само треба да се има волја.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG