Достапни линкови

Кога немаше мерни станици дишевме ли чист воздух?


Општина Центар во Скопје е најзагадена општина , според мерните едници на 24.12.2018. Смог, магла, загадување, загаден воздух.

Ние пишувавме за лажните вести, за законот за обложувалниците, за ерозагадувањето и интервју со амбасадорот на ЕУ Жбогар, а вие коментиравте.

Се чини паралелно со нашиот пробив како држава на надворешнополитичката сцена, стануваме познати и по нешто друго и повторно сме на насловните страници, овој пат само на белгиските печатени медиуми: „Откриена македонска мрежа за лажни вести многу посериозна од велешката“, обелоденува истражувачот Мартен Схенк на својот вебсајт кој се занимава со истражување на овој бизнис особено проширен во последниве неколку години и за време на последните американски избори. Во центарот на оваа најнова афера бил поранешен припадник на АРМ, Слаѓан Бојковски со прекар Цаго од Куманово, а тој и неговите соработници веќе со години креирале лажни вести на интернет, а за секоја вест добивале до 100 евра.

Оваа информација како да не ги заинтригирала многу посетителите на нашата ФБ страница. Има само еден коментар од Дејан Георгиевски Жапон: „Руска работа“, напишал.

Аерозагадувањето во нашите градови многу повеќе ги интересира фановите на РСЕ. По информацијата дека Скопје и Прилеп ги уриваат светските рекорди и дека Владата активираше итни мерки, Сузана Геговска предлага „Во февруари, март и април да не се возат коли. Ќе нè угуши смогот“, и на крај апелира: „Употребувајте повеќе автобуси!“ Маре Јовановска со подбивна иронија:

„Колку убаво ни беше досега, немаше мерна станица и си дишевме чист воздух“, па постот го илустрирала со еден исклештен Смешко.

Несреќата во игрите на среќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:01 0:00

Во врска со нашата саботна анализа „Заштита на децата или стимулирање на нелегалното коцкање“ по барањето на граѓани и повеќе пратеници коцкарниците и спортските обложувалници речиси да се избркаат од населените места, во повеќето коментари нивните автори не веруваат дека може да се донесе таков закон зашто државата од нив прибира десетици милиони евра во буџетот. Марио Младенов предлага ние, како новинарска куќа, да направиме едно истражување „колку родители уплаќаат спортска прогноза за своите малолетни деца, колку од нив ги задоволуваат желбите на своите деца и сами ги насочуваат кон тоа“. Па во постот додава: „Кога ќе ја направите статистиката ќе сфатите дека не е само до објектите, туку проблемот е до нас родителите“.

Пазарџиите протестираа пред Собранието поради новиот закон за лиценца на секој што продава на пазар, а Бобан Неделковски вели: „Во државава луѓево многу тешко ќе се научат на ред. А и нормално е, кој гледа ред во воспоставен хаос со години наназад“. На Стојан Здравков, пак, не му е јасно „Зошто сите протестираат пред Собрание, а треба пред Влада“.

Оптимизам дека Преспанскиот договор ќе помине и во Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:11 0:00

Нашето неделно интервју со евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, во кое покрај другото искажува оптимизам дека Преспанскиот договор ќе помине и во Грција, вообичаено собрало повеќе постови, но сите со негативна, непримерена содржина, дури и со изразено лично непријателство и навреди, па согласно нашата професионална пракса, нема да ги цитираме.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG